еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каракачанов со „воспитна“ до Заев: Злоупотребата на македонскиот јазик може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

„Господине Заев не ја злоупотребувајте темата со македонскиот јазик. Тоа може да Ве чини членство во НАТО и ЕУ“,  предупреди преку својот Фејсбук профил вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Тој вели дека нема дозволи компромиси со историјата на Бугарија, коментирајќи ја изјавата на Заев во македонскиот Парламент дека со Договорот со Грција се признава македонскиот јазик и никој нема право да се спротивставува на тоа.

„Северна Македонија е географско именување кое вклучува и земји од Република Бугарија. Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација”, вели Каракачанов.

Тој додава дека работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања „оди во насока која не е во корист на историската вистина” и изразува загриженост од фактот што една ипол година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија не е претставен „список на учебници од македонска страна во кои според тврдењата има националистички, реваншистички, авторитарни тврдења кои ја претставуваат Македонија како новоослободена бугарска земја и се против интересите на македонското општество”.

„Најголемата дрскост од македонска страна е посегањето по приказната за Хан Кубрат, Цар Самуил, Браќата Миладиновци итн., за кои се претендира на историска припадност”, вели Каракачанов и додава дека е против, како што го нарекува „агресивното однесување” на Македонија.

Каракачанов вели дека дека „македонските земји се бугарски и тоа е историски факт”.

Според него, историјата на денешна Македонија е заедничка со онаа на Бугарија до 1944 година, па бара анекс на Договорот за добрососедство во кој официјалните власти од другата страна на границата ќе го признаат тоа.

„Ако се против тоа, нема да добијат наша поддршка за НАТО и ЕУ. Нема да дозволам компромиси со историјата”, вели Каракачанов.

Фото: Фејсбук/Красимир Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа може да очекува нормализирање на цените на гасот дури во 2025 година

Редакција

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Редакција

(Фото) МНР се извини: Османи ја пречека колешката Фајон од Словенија, со словачко знаме

Редакција