Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе го менува начинот на штедење на струја кога станува збор за улично осветлување.
Од целосен мрак низ улиците на Карпош, донесена е одлука со која ќе свети секоја втора светилка.
„Станува збор за исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19:45 часот навечер до 4:30 часот, наместо исклучување на уличното осветлување од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро, како што беше досега, а на што бурно реагираа карпошани.
Го разгледувавме предлогот на секретарите на урбаните заедници дали може да свети секоја втора светилка од уличното осветлување. Го повикав Одделението за енергетска ефикасност, како и фирмата која го одржува осветлувањето, да видиме дали постои таква техничка можност.
Ме уверија дека постои техничка можност. Тоа значи дека веќе овој викенд ќе воведеме промена на мерката за штедење, изјави Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карпош е во мрак од 1 часот по полноќ, бидејќи општината штеди на струја