еМагазин
Image default
Македонија

Касами: Беса е дел од од опозицијата, ја исклучуваме можноста да бидеме во влада со ДУИ

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами во изјава за емисијата „200“ на Телевизија Алсат демантира дека кој било друг пратеник од неговата партија би можел да одлучи да остане дел од парламентарното мнозинство.

Според него, партиските органи одлучиле и Беса е дел од опозицијата.

– Пратениците на Движењето Беса, со својата слободна волја се во оваа позиција, дел од опозицијата согласно преземените одлуки од партијата. Додека не се случи некаква ситуација што се случи, јас имам целосна доверба кон двајцата пратеници на Беса, како што имав целосна доверба кон тројцата, рече Касами.

Касами не ја исклучува можноста за идна соработка ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека тоа треба да биде врз основа на договор за да се работи на напредокот на земјата кон ЕУ.

Категорично ја исклучува можноста да бидат дел од Влада каде што би била и ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оставките не се верификувани, БЕСА се уште е дел од Владата, вели Заев

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО Европа: Македонија ги спроведува препораките, нема потреба од паника

Редакција

Локални избори: Денеска гласат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците…

Редакција

Церемонија во Вила Водно: Листа на гости кои ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски

Редакција