еМагазин
Image default
Македонија

Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до 14 часот треба да одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од предметот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка по барањето на адвокатот на одбраната Еленко Миланов информира дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните согласно законот за иземање на обвинителите. Според појаснувањето на обвинителката Фетаи, за нив, надлежен за изземање е нивната шефица Јанева.

Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Судење за „ТНТ“: Побарано изземање на Катица Јанева од случајот заради „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Бајрами: Нема посериозни нарушувања на гласањето на референдумот

Редакција

Мијалков на повтореното судење за „Трезор” се изјасни за невин

Редакција