Специјалната обвинителка Катица Јанева во гостување на емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ за префрлањата на вината меѓу институциите по бегството на поранешниот премиерот Никола Груевски, вели дека се труделе да ја извршат својата задача професионално и дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побарало притвор во согласност со дотогашната и сегашна пракса за за високо коруптивни случаи.
„Тоа се случи на 12 февруари 2016 кога СЈО ја отвори првата истрага „Титаник“ за изборни нерегуларности. Основниот Скопје 1 ги одби нашето барање, поднесовме и жалба која исто така беше одбиена, немаше определено ни мерки. Со подигнувањето на обвиненијата, меѓу кои и „Титаник“ против Никола Груевски, на 30 јули 2017 исто така побаравме притвор против него, но Кривичниот совет определи само мерки за претпазливост“, рече Јанева.
Фото: СЈО
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катица Јанева: Нема да бараме притвор за Сашо Мијалков
Џолев: Обвинителството во ниеден момент не побара притвор за Груевски