еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Катица Јанева не стигна да ги види сите докази за „Рекет“, увидот продолжува утре

Повеќе од три часа поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска вршеше увид во доказите за случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Јанева попладнево со полициско возило и придружба беше вратена во КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор, додека нејзините адвокати Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев продолжија со увидот во доказите за случајот.

Нејзиниот адвокат Дељо Кадиев, по излегување од Обвинителството, кажа дека денеска го почнале увидот во доказите и дека ќе продолжат и утре, а најверојатно и понеделник.

„Почнавме со увид во доказите. Во дел беше присутна и Катица Јанева и после мораше да биде однесена назад во Затворот Шутка. Ние продолживме до малку подоцна, меѓутоа не успеавме да завршиме со сите, ќе продолжиме и утре, а веројатно ќе остане и за понеделник“, изјави Кадиев.

Прашан зошто Јанева беше вратена во затвор, Кадиев рече дека затворот има свој куќен ред и дека тие немале никаква забелешка на тоа и се согласиле да продолжат како нејзини бранители.

За тоа дали го виделе исказот на второосомничениот Зоран Милески, адвокатката Фрчкоска посочи дека рече дека не им било дозволено, иако побарале.

Според Кадиев, им била дадена само копија од исказите на сведоците, додека Обвинителството не им дозволило увид во исказите на останатите осомничени, иако имаат право на тоа.

„Нам ни беа дадени на увид и дадена ни е копија од исказите на сведоците. Од исказите на осомничените не ни е дадено да напраивме увид, ниту да добиеме препис со образложение дека Обвинителството, обвинителката мисли дека тоа не е нејзина обврска, а ние морам да кажам дека имаме сосема различно мислење дека истите мора да бидат дадени на увид бидејќи од аспект на  еден осомничен другите осомничени според праксата на Стразбург тие се сведоци и ние би имале право и вкрстено да ги испрашуваме понатаму“, појасни Кадиев.

Прашан дали меѓу исказите коишто ги гледале се оние на Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, Фрчкоска кратко потврди дека меѓу другите и тие ги виделе.

За тоа дали го добиле известувањето за завршена истрага и кога ќе поднесат докази, адвокатите рекоа дека го добиле вчера.

„Го добивме во средата и од тогаш тече нашиот рок за доставување докази во прилог на одбраната. Да го завршиме увидот во доказите, па претпоставувам следната недела ќе доставиме и наши  докази,“ изјави Фрчкоска.

Посочи дека не стигнале да ги погледнат Пи-мерките за Јанева.

„Не стигнавме. Се уште не се декласифицирани, до понеделник ќе бидат и веројатни тогаш и ќе ни ги дадат“, изјави Кадиев.

Надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на почетокот на неделата, по севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Увид во доказите вчера изврши Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“.

Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава,  против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скоје, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот е префрлен во домашен притвор.

МИА/Фото: СЈО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева донесена во обвинителството, ќе врши увид во доказите за „Рекет“

Ќе биде ли Зоки-Кичеец сведок против Боки 13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“?

(ВИДЕО) Катица Јанева со лисици донесена во Обвинителството за распит за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска одби осум од девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик

Редакција

Рашиди од Алијанса на Албанците ја напушти средбата кај Џафери: Се протуркува идејата за амнестија за настаните од 27 април

Редакција

За Фрчкоски бегството на Груевски е скандал за државата, грешката е кај МВР

Редакција