Кавадарчанец на возраст од 26 години бил агресивен и физички нападнал полицајци кои го запреле за време на полициски час во саботата навечер, па ќе му биде поднесена соодветна пријава. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Вечерта околу 20.30 часот, тој се движел по улицата „Григор Прличев“ во Кавaдарци, кога бил запрен за легитимирање од страна на полициски службеници, поради непочитување на забраната за движење.
Поради агресивноста и физичкиот напад, бил лишен од слобода. Се работи на документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицискиот час не го почитувале 172 лица, приведени 134
Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот
(Галерија) Смешната страна на „корона-кризата“ и карантинот
Зошто кај нас процентот на здравствени работници заболени од корона вирусот е висок