еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кедев, Андоновски, Ѓоргиев: Кои се новите членови на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на 20. Изборно собрание што се одржа вчера за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки, Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки.

За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки, проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Бесија Иљази, поранешната организациска директорка на Токсикологија, за која е поднесено обвинение

Редакција

(Фото) Реновираниот интензивен оддел на неврохирургија со зголемен капацитет од 30 проценти

Редакција

Нови 296 случаи на Ковид-19 од 1.253 тестирања

Редакција