еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Кина нема да воведе санкции за Русија поради Украина

Кина нема да се приклучи кон финансиските санкции што САД и ЕУ ги воведоа против Русија, соопшти денеска кинеската банкарска регулаторна комисија.

Претседателот на кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување, Гуо Шукинг изјави дека официјален Пекинг е против воведувањето санкции.

– Ние нема да се приклучиме на таквите санкции и ќе одржиме нормална економска, трговска и финансиска размена со сите релевантни страни, истакна Гуо на прес-конференција.

Тој додаде дека Кина не ги одобрува финансиските санкции, особено оние наметнати еднострано, „бидејќи тие немаат правна основа и нема да имаат добри ефекти“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија под итно да ја повлече војската: Генералното собрание на ОН усвои резолуција за агресијата врз Украина

Руските мајки да дојдат во Киев да си ги земаат заробените синови, порачуваат од украинското Министерство за одбрана

(Видео) Украински граѓани го блокираа пристапот на Русите до нуклеарната централа во Енергодар, најголема во Европа

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 125 нови случаи со корона вирусот, најмногу 89 во Скопје

Редакција

Повредените се државјани на Словенија, МНР со детали за сообраќајката кај Лесковац

Редакција

Со момчето по потекло од Македонија за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт, уапсено и 17-годишно момче

Редакција