еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кирацоски тврди дека власта обезбедила мнозинство за уставните измени

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски денеска на прес-конференција изјави дека обезбедена е поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени.

– Со иницирање на уставните измени РМ станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза обезбедени пратеници не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава, рече Кирацоски.

Седницата на која ќе се расправа за уставните измени се очекува да почне во 16 часот.

Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија станува Северна Македонија: Што ќе се менува во Уставот и Преамбулата

Кои се предлагачите: Поднесени 10 амандмани на предлог-амандманите на Уставот

Двотретинското мнозинство неизвесно: Почнува финалната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Германија и од САД предупредување до нивните граѓани за дојавите за бомби, но и за кражби во Македонија

Редакција

Спасовски за најавата на формирање на партијата „Република Илирида“: Државата ќе одговори на секој што се обидува да го руши уставниот поредок

Редакција

Демократски сојуз бара расправа во Собранието за коридорите 8 и 10д и ревизија на досегашните трошоци

Редакција