Пет осудени лица, меѓу кои и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков и тројца вработени во Штипскиот затвор се позитивни на Ковид-19, објави порталот Сакам да кажам.
Вчера во затворот се тестирале уште дваесетина затвореници и вработени, за да се открие дали кластерот се шири.
Чавков издржува казна од 16 години. Осуден е во март 2019 година, за кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните во македонското Собранието од 27 април 2017 година.
Во февруари годинава, Апелациониот суд му ја преиначи казната од 18 на 16 години затвор.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.