еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Клиниката за хематологија: Преземаме вонредни мерки за да се спречи локалната трансмисија

Клиниката за хематологија, во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19, работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство.

„Во период во кој се соочуваме со пандемија со Ковид-19, која секојдневно резултира со зголемување на бројот на заболени, превземаме вонредни мерки со кои треба да се спречи опасноста од ризикот за локална трансмисија. имајќи го во предвид влијанието што може да го има оваа закана врз пациентите со хематолошки заболувања, координативно кризно тело за пандемија со Ковид-19 на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија – Скопје, донесе вонредни мерки за условите за работа,“ информираат од таму.

Од Клиникара велат дека овие мерки имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и на медицинскиот персонал, истовремено одговарајќи на потребите на пациентите преку обебедување континуиран третман.

„Ја информираме јавноста дека секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и на медицинскиот персонал, а истовремено одговарајќи на потребите на пациентите преку обезбедување 24 часовен континуиран третман.

Во услови кога се соочуваме со секојдневно зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 вирусот, Министерството за здравство има точно разработена стратегија и распоред за вклучување на кадри од сите специјалности во директно справување со пандемијата.

Доколку има потреба, стручно-медицинскиот персонал од ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје стои на располагање со целото своето знаење и искуство да помогне,“ се додава во соопштението.

Тие ги повикаа сите добронамерни граѓани и организации, во овие тешки моменти да го подржат севкупниот медицински персонал, а не да отежнуваат со создавање паника, страв, и недоверба.

„Ние го даваме нашиот максимум за да го чуваме и штитиме здравјето на нашите граѓани, понекогаш по цена и на нашето.Апелираме да бидеме заедно и солидарни во оваа тешка ситуација. Останете дома и бидете здрави,“ велат од Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да си простам ако нешто му се случи на моето семејство“: Здравствен работник за еМагазин зборува за личната битка со коронавирусот

(Графикон) 44,9 години е просекот на возраста на заболените со коронавирусот во Македонија

(Мапа) Голем раст на кумулативната инциденца во Куманово, како изгледа состојбата низ Македонија

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Какви хронични заболувања имале вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19

Редакција

Обвинителството го повлече обвинението за малата Тамара од Велес, Хелсиншки ќе се бори за правда во Стразбур

Редакција

Се намалува бројот на реинфекции со Ковид-19, минатата недела регистрирани 372

Редакција