еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Агим Нухиу, кандидатот за нов заменик министер за образование и наука

Актуелниот заменик министер за правда, Агим Нухиу, кадар на ДУИ, ќе биде нов заменик министер за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нови министри и заменици министри

Кој е Агим Нухиу

Агим Нухиу е роден во 1977 година во с. Слатино – Тетово.

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а магистрирал граѓанско право на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана и на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина.

Работно искуство и политичка кариера

Работел како вонреден професор на Правниот факултет на „Државниот универзитет“ во Тетово. Во 2015 година станува продекан на науки на „Државниот универзитет“ во Тетово.

Бил член на Советот за акредитација на високообразовни институции.

Во 2011 година е член на советодавниот комитет за спроведување на „Охридскиот рамковен договор“.

Во периодот од 2011- 2015 година е член и на Комисијата за заштита од дискриминација.

Зад себе има повеќе професионални и научни ангажмани кои се однесуваат на судскиот систем, меѓународното право и човековите права, стои во неговата биографија.

Во рамки на неговата политичка кариера во 2016 година станува заменик министер за внатрешни работи, а во 2017 година е назначен за министер за внатрешни работи во Пржинската влада.

Во периодот од 2017 – 2020 година ја презема должноста заменик министер за внатрешни работи, а во 2020 година ја вршеше должноста министер за внатрешни работи во Пржинската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците

Му бил советник на Таравари: Кој е Фатмир Меџити, кандидатот за министер за здравство на Алијанса за Албанците

Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање

Фото: Фејсбук/Нухиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли кратење на платите во јавниот сектор: Што предвидуваат владините мерки за штедење?

Редакција

Заев очекува меѓувладина конференција до крајот на годината: „Се работи за точки коишто се решливи“

Редакција

Вкупно 2.955: Од Ковид-19 починаа 9 лица

Редакција