Пламен Николов (44) од победничката партија на последните предвремени парламентарни избори во Бугарија, “Има таков народ“ е кандидат за нов премиер на земјата, пренесуваат тамошните медиуми.
Претседателот Румен Радев денеска му го додели мандатот за составување влада.
Николов е бизнисмен, кој на последните парламентарни избори беше избран за пратеник.
Како што објавија бугарските медиуми, Николов има докторат по филозофија на право, политика и економија, а се образовал на софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“, каде станал магистер на филозофија на науката.
Потоа, продолжил во Австрија каде специјализиран на Универзитетот во Клагенфурт.
За себе има 15-годишно работно искуство во развој на деловна активност и менаџирање проекти, а бил на чело на канцеларијата на американска компанија.
Фото: Фејсбук/Радев