Министерката за одбрана Славјанка Петровска и градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу влегоа во вербална војна поради инцијативата за подигнување на споменик на десетте бранители, кои во 2001 година беа убиени од терористичка УЧК кај Карполак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за одбрана поднесе барање за поставување споменик до Општина Желино, а Сејдиу на министерката преку медиумите и порача да се обратила до ЈП за државни патишта.
Таа пак преку медиумите му врати дека многу да не мудрува, оти половина од градбите во општината му се дивоградби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мизерија: Бранителите кои беа убиени кај Карполак се уште немаат споменик
Кој е Блерим Сејдиу
Роден е во септември 1985 година во Тетово.
Оженет е и е татко на две деца.
Образование и кариера
По завршувањето на основното образование во основното училиште „Пашко Васа” во Групчин, го продолжил натамошното образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово, стои во неговата официјална биографија.
Високо образование стекнал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Посдипломските студии завршил во Универзитетот ФОН во Скопје, при што се стекнал со титулата магистер во областа на правните науки.
Има работено неколку години како правник.
Бил и секретар на ФК Шкендија во најуспешниот период на клубот во периодот од 2008 до 2011 година.
Во периодот од 2010 до 2016 година бил и шеф на правниот оддел во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.
Политичка кариера
На локалните избори во октомври 2017 година, Сејдиу стана градоначалник на Општина Желино.
Тој беше кандидат за градоначалник од редовите на опозициската Беса.
Во октомври 2021 година, Сејдиу победи во вториот круг и по вторпат стана градоначалник на Општина Желино.
Фото: Фејсбук/Сејдиу