Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата, откако претходниот, Мухамед Зеќири, по отварањето на истрага за злоупотреба на службената дејност си поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Методија Димовски, новиот генерален секретар на Владата
Кој е Методија Димовски
Роден е на 16.7.1966 година во Скопје.
Магистрирал во 1994 година, на Универзитетот во Белград, Србија, во областа на географските науки (физичка географија).
Aктивно го користи англискиот јазик (CEFR ниво – Ц2), како и јазиците од поранешна Југославија. Поседува и има основни познавања од францускиот и албанскиот јазик.
“Целосно е компјутерски писмен, вклучувајќи користење на Windows™, MS Office™ (Microsoft Office Specialist for Word 2013) и други специјализирани програми“, пишува во неговата биографија.
Работно искуство
Член е на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, од 3.8.2017 година.
“Во повеќе од две – децениската професионална кариера, работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на Република Македонија, во меѓународни организации и како независен консултант“, стои во неговата биографија.
Присуствувал на бројни меѓународни и домашни конференции, конгреси, семинари и работилници во Европа, Северна Америка, Азија и Африка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата
Фото: СДСМ