еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е наследникот на Караџовски, Киро Здравев, новиот претседател на Судскиот совет

Судијата во Врховниот суд, Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет.

Тој е член на Судскиот совет од декември минатата година, а функцијата претседател на Советот ќе ја врши во наредните две години.

Тој доаѓа на местото на Зоран Караџовски.

Кој е Здравев?

Според неговата биографија, Здравев дипломирал во 1981 година на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положил во 1982 година.

Во 1983 година е избран за судија во Општинскиот суд во Штип – Граѓански оддел.

Во 1988 година е избран за претседател на Општинскиот суд Штип – Кривичен оддел.

Во 1996 година е избран за судија во Апелациониот суд Штип – Граѓански оддел.

Во 2004 година е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија, каде што е распореден во Одделот за управни спорови и како дополнителен член во советот за граѓански дела.

Како судија во Врховниот суд на Република Македонија бил претседател на Одделот за граѓански дела и претседател на совет во овој оддел.

Во 1993 година станува член на Иницијативниот одбор за основање на Здружението на судиите на Република Македонија.

Од 1994 до 2002 година е член на Управниот одбор на Здружението на судиите.

Со основање на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ е ангажиран како едукатор за почетна и континуирана едукација.

Член е на повеќе комисии за измена и дополнување на закони и за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.

Во 2001 година со членовите на Одборот на Центарот за едукација бил на студиски престој во Националниот судиски колеџ во Рино (Невада) и во Вашингтон, САД.

Автор е на повеќе трудови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Киро Здравев, новиот претседател на Судскиот совет

Судијата Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анима Мунди: Екстремитети, црева, глави, утроби расфрлани на улица во Визбегово!

Редакција

Нови 137 случаи на Ковид-19 од 2.303 тестови

Редакција

Каков имот пријавила Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања

Редакција