еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Стефан Јанев, привремениот премиер на Бугарија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев со декрет вчера назначи привремена влада на Бугарија, која од денеска ќе почне со работа. Вршителот на должноста премиер ќе биде Стефан Јанев, секретар за безбедност и одбрана на Радев.

Тој ќе биде премиер до предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев го назначи Стефан Јанев за нов привремен бугарски премиер, на местото на Захариева доаѓа Светлан Стоев

Кој е Јанев

Роден е во март 1960 година во селото Поповица, Пловдив.

Според неговата официјална биографија зборува англиски, германски и руски јазик.

Јанев е оженет и има две деца.

Образование

Дипломирал на Националното училиште за воена артилерија „Георги Димитров“ во Шумен во 1983 година.

Своето образование го продолжил на Националната воена академија Г.Раковски во Софија и на Националниот воен колеџ на Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон, САД.

Политичка кариера

Тој е поранешен директор на Директоратот за одбранбена политика и безбедност во Министерството за одбрана.

Беше и аташе за одбрана во бугарската Амбасада во Вашингтон, САД.

Меѓу позициите што ги извршувал по 2003 година се и раководител на Одделот за одбранбена политика и анализа во Директоратот за одбранбена политика на Министерството за одбрана и раководител на Одделот за трансформации во Центарот на НАТО за одбрана против тероризам, Анкара, Турција.

Во периодот 1998 – 2000 година работел како аналитичар во Одделот за планирање и програмирање во Партнерството за мир во Монс, Белгија, по што бил назначен за постар помошник во Одделот за планирање на одбраната и вооружените сили.

Во 1996 година бил експерт во Директоратот за меѓународна соработка при Министерството за одбрана.

Беше назначен за секретар за безбедност и одбрана на претседателот на Република Бугарија во мај 2017 година.

Фото: Кабинет на Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потпишан Општиот колективен договор, 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати

Редакција

(Видео) Миле Јанакиески под седативи спроведен во затворот „Идризово“

Редакција

Синдикатите и Владата блиску до решение за зголемување на платите во јавниот сектор

Редакција