еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Сухејл Фазлиу, министерот за локална самоуправа кој доби кривична

Финансиската полиција вчера соопшти дека поднела кривична пријава против министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра. 

Кој е Сухејл Фазлиу?

Според неговата официјална биографија Фазлиу дипломирал на Универзитетот на Југоистична Европа во Тетово, на Факултетот за современи науки и технологии.

“Во својата професионална кариера има богато искуство во сферата на информатичката технологија и тоа во реализација на консултантски услуги за локална самоуправа на проекти, во Македонија и надвор од земјата“, стои во неговата биографија.

Фазлиу како независен консултант за Е-Влада и Е-Трговија, има работено за повеќе јавни претпријатија, како и за приватни компании за услугата Е-Трговија.

Во периодот од 2010 до 2015 година, работи и како консултант за информатичка технологија и веб апликации за различни компании.

Сухејл Фазлиу е роден 1986 година, во Скопје.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу

Кривични за актуелниот и поранешен министер за локална самоуправа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако користат едно лажиче, што не се возат во еден џип“: Владиката Петар на „тапет“ на Твитер

Редакција

Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на шесте земји од Западен Балкан

Редакција

Поднесено обвинение против директор на РЕК Битола и ЕЛЕМ за загадување на животната средина

Редакција