Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ реафирмира и инсистира организирање предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, бидејќи граѓаните на тој начин ќе одлучат дали се за понижена и омаловажена Северна Македонија или се за горда и достоинствена Република Македонија, изјави вечерва пред партиското седиште лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по состанокот со коалициските партнери.
Повтори оти тука не станува збор за власт, функции или политички кариери и повика веднаш и без одложување распуштање на Собранието и организирање предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Денеска имавме состанок со политичките партии односно со претставниците на политичките партии, лидерите на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.Разговаравме околу актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, генерално донесовме заклучоци кои што произлегоа од опсежната и темелна дебата во рамките на состанокот.Бараме веднаш и без одложување распуштање на Собранието, организирање на предвремени парламентарни избори согласно законите заедно со претседателските избори во Република Македонија.
Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 17 јануари 2019
Во врска со законот за јазици, рече дека во принцип партијата има чесен пристап што е законски и се темели на квалитет, а не на квантитет.
– Ние не сме против принципот на употреба на јазиците на заедниците, но во случајот голем дел од коалициските партии кои беа на состанокот го изразија својот револт, а тоа припадниците на заедниците на Ромите, Србите, Турците…, бидејќи на овој начин се скратува и нивното право, бидејќи и тие имаат право во средината каде што се процентуално застапени да го користат својот јазик, рече Мицкоски.
Смета дека ова тргување со гласовите со Албанците и е нечесен пристап, и токму сега е одбран моментот пред претседателските избори, за, како што рече, „да можат политичарите од најолемата албанска партија во случајот СДСМ и втората по големина ДУИ, да тргуваат со гласовите на албанската етничка заедница во Македонија на следните избори“.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со политички партии од албанскиот блок, рече дека партијата во иднина ќе коалицира со сите политички партии со кои ќе најде заеднички јазик околу платформата, и оти треба да се престане да се злоупотребуваат чувствата на граѓаните од различните етнички заедници во РМ, туку политичарите да понудат решавање на проблемите.
– Сите оние кои ќе ја прифатат методологијата на ВМРО-ДПМНЕ се добредојдени и ВМРО-ДПМНЕ нема предрасуди со било која партија да коалицира и да ги решава реалните проблеми на граѓаните, додаде Мицкоски.
Истакна дека на состанокот со политичките партии кои се дел од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разговарале околу актуелната политичка и економска состојба во земјава.
– Членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“ го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдата, со цел остварување политички цели, на кои македонската јавност и сите ние бевме сведоци што се случуваше изминатиот период, практично целосно делегитимиање на правната држава. Македонија е држава каде што веќе немаме владеење на правото, односно целосна спрега меѓу владата, политичките партии судскиот систем и органите на државата, а со цел реализирање политчки цели, рече тој.
Додаде дека загриженост била изразена во делот на законски измени што се однесуваат на законот за двојазичност.
– Тоа е оној чин каде што на еден полушверцерски начин во доцните вечерни часови беше потпишан указот без потпис на претседателот на РМ и истиот следниот ден веќе однесен во Службен весник, каде директорот, противправно без потпис на претседателот го објави, истакна Мицкоски.
Додаде дека политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“ изразија поддршка во намерата на ВМРО-ДПМНЕ да се поднесе кривична пријава против сторителите на ова противуставно, противзаконско и потивделовничко однесување од страна на парламентарното мнозинство на Зоран Заев и Талат Џафер, и поддршка за поднесување претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој закон.
МИА/Видео: ВМРО ДПМНЕ