Разговорите за техничката влада започнуваат денес во 16 часот со средба во Собранието меѓу претседателите на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ – Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Веднаш потоа премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ ќе оствари средба со Мицкоски во Владата, а ќе се договараат околу кадровските решенија за техничката влада, но и околу изборниот модел.
Во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Заев изјави дека: „има принципи и критериуми за предлози, водејќи се пред се од правната држава и принципи досега поставени од Социјалдемократскиот сојуз и секако нема да ги соопштам јавно“.
Од ВМРО-ДПМНЕ за сега нема официјална информација кои ќе бидат нејзините кандидати во техничката влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Заев: Нема одлагање на изборите, на 3 јануари ќе дадам оставка