Судењето за Жан Митрев и неговата клиника денеска беше одложено поради тоа што кардиохирургот ангажирал нови адвокати.
Митрев, како што беше образложено на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, го откажал полномошото на Стевица Јосифовски, а Гоце Цоневски останува ангажиран како негов бранител.
Покрај Цоневски нови адвокати на Митрев се Никола Додевски и Никола Лазаров.
Додевски и Лазаров пред почетокот на рочиштето побараа одложување, бидејќи како што наведоа, нивното полномошно било издадено еден ден пред судењето, а станува збор за предмет кој има илјадници докази и физички не е возможно да се подготви одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жан Митрев може да понуди и друга гаранција: Обвинителката за замрзнувањето на сметките на клиниката
Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.
Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одложен стартот на судењето за Жан Митрев, ангажирал нови адвокати
Судот ги блокира сметките на клиниката Жан Митрев
Фото: МИА