Се олеснуваат мерките за влез на државјаните на Македонија во Косово, Норвешка, како и во Бугарија, информираат од Министерството за надворешни работи.
-Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против коронавирусот.
Со новата одлука која ќе стапи на сила почнувајќи од денеска, нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против Ковид-19, или една доза но со ПЦР тест, информираа од МНР.
Норвешка им ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување на формулар за регистрација пред влегување во Норвешка (reg.entrynorway.no), како и задолжително приложување на негативен ПЦР тест направен 24 часа пред влез во Норвершка, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19.
-Олеснети мерки за влез и во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози на вакцина против Ковид- 19, сертификат за прележан Ковид- 19, негативен ПЦР или негативен антиген тест, известуваат од МНР.
Повеќе информации на следниот линк: mfa.gov.mk.
Фото: Влада