еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се новите протоколи за влез во Франција и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека со новите ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во Обединетото Кралство.

Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.

-Обединетото Кралство го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини, за оние кои ги признава (Модерна, Џонсон и Џонсон, Новакс, АстраЗенека, Фајзер, Синофарм и Синовак), а ЕУ дигиталниот ковид сертификат за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022 година.

Дополнително, невакцинираните лица се сметаат оние без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Џонсон и Џонсон) или лица кои имаат примено вакцина чиј сертификат оваа земја не го признава, на пример Спутник, наведуваат од МНР.

Воедно, се потсетува дека на државјаните на Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Во Франција македонските државјани може да влезат доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Џонсон и Џонсон.

-Условите се: да се поминати седум дена од втората доза Фајзер, Модерна, АстраЗенека (вакцини признати од Европската агенција за лекови – EMA), 28 дена од Џонсон и Џонсон, седум дена од трета доза вакцина Фајзер за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови.

Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација, наведуваат од МНР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, Филипче вели тоа е злоупотреба и најави казни

Редакција

Ниски утрински температури утре и во петок, за викендов “африкански бран“

Редакција

Убава вест за акционерите: „Фершпед“ ќе дели дивиденда во бруто износ од 1.780 денари по акција

Редакција