И покрај водечките соеви на коронавирусот, кои се карактеризираат со симптоми како зголемена телесна температура, главоболка, малаксаност, болки во мускулите и течење на носот, лекарите предупредуваат дека новата подваријанта на омикрон, односно соеви БА4 и БА5 предизвикуваат проблеми и на стомакот.
Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) кај две третини од пациентите со коронавирусот може да се појави гадење и повраќање.
Приближно 40 отсто од пациентите со ковид ќе имаат губење на апетит, а до 50 отсто ќе имаат дијареја, болките во стомакот се поретки, а се појавуваат кај помалку од 10 отсто.
Според новите студии еден дополнителен симптом којшто го предизвикува варијантата БА.5 е ноќното потење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пановски: Имаме најмалку по 1.500 случаи на Ковид-19 на дневно ниво, не се тестираат сите
Фото: Унсплеш