еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои вакцини во Македонија најмногу спречија смртен исход од Ковид-19

Сите вакцини кои се користат во Македонија против Ковид-19, покажале висока ефективност, над 91%, во спречување смрт од Ковид-19, покажува сеопфатната анализа спроведена од 15 јануари (од денот на првата регистрирана вакцинација) до 30 септември, при која биле следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој Термин”.

За разлика од претходната анализа во спречување хоспитализација, вакцините BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажале многу мала разлика во пружањето заштита од смрт од Ковид-19, споредбено со останатите вакцини.

Вакцината BBIBP-CorV (производител Sinopharm) имала малку пониска ефективност од останатите вакцини во спречување смрт од Ковид-19, која е незначителна.

Во анализа на 66.942 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител, се покажало значително пониска ефективност во спречување смрт од Ковид-19.

Истражувањето го предводеше д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои вакцини против Ковид-19 во Македонија спречија најмногу хоспитализации

Мажите во Македонија имаат околу 28% поголем ризик од жените да починат од Ковид-19

Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените

Половина од починатите од Ковид-19, починале во рок од 8 дена по хоспитализација

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Редакција

Нови 89 случаи на заразени со корона вирусот, починати седум лица

Редакција

Викендов топло време, со пораст на температурите

Редакција