еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкава годишна плата има извршниот директор на Сковин?

Во Годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза, Сковин АД Скопје ги соопшти примањата на извршната директорка Билјана Тодоровска.

“На извршниот директор во текот на 2019 година по основ на плата и надоместоци на плати му е исплатено 1.188.309 денари во бруто износ, а по основ на осигурување и други права (регрес за годишен одмор) му се исплатени 11.176 денари во бруто износ“, стои во извештајот.

Неизвршните членови на Одборот на директори немаат статус на вработени лица во Сковин и Друштвото им нема исплатено надоместоци по основ учество во органите на управување, стои во информацијата.

Одборот на директори на Сковин е во состав од 4 члена, од кои тројца се неизвршни, а еден член е извршен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието на акционери даде зелено светло за продажба на винаријата „Сковин“

„Сковин“ оствари загуба од 25,3 милиони денари за девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43-годишен маж пронајден починат во Спортско рекреативниот центар Сарај

Редакција

Ниеден пратеник од македонското Собрание нема донирано за болните дечиња, велат од Фондацијата ECrowd

Редакција

Продолжува трката по акции на Комерцијална банка

Редакција