еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави плати и надоместоци имале членовите на Одборот на директори на велешки “Кристал 1923“ лани

На членовите на на Одбор на директори на Кристал 1923 АД Велес во 2022 година се исплаќаше паричен надомест согласно одлуката донесена на Собрание на акционери во износ од 10.000 денари нето износ месечно, соопшти Друштвото во годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза.

На извршниот директор Горанчо Лазов, вработен во Друштвото во текот на 2022 година му се исплатени следниве износи: по основ на менаџерскиот договор за 2022 година од Друштвото му е исплатен бруто износ од 8.762.283 денари, а нето износ од 5.822.893 денари, по основ на премија за менаџерско осигурување која произлегува од менаџерскиот договор од Триглав АД Скопје му е исплатен износ од 586.710 денари, а по основ на членување во органот на управување во Пакомак ДОО Скопје од ова Друштво му е исплатен надомест во бруто износ од 260.559 денари, а во нето износ надомест од 234.503 денари.

На неизвршниот член Софија Лазова исто така вработена во друштвото, во 2022 година од друштвото и се исплатени следниве износи: по основ на член на Одбор на директори бруто износ од 133.332 денари, а нето износ од 120.000 денари, а по основ на плати бруто износ од 574.937 денари, а нето износ од 383.069 денари.

На неизвршниот член Румен Смилевски, кој е вработен во ДПТУ МАЛИНА извоз-увоз ДООЕЛ Велес, во 2022 година од Друштвото му е исплатен бруто износ од 133.332 денари, а нето износ од 120.000 денари, додека од матичната фирма му е исплатен бруто износ од 514.774 денари, а нето износ од 344.120 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На менаџментот на Прилепска Пиварница лани исплатени 25.7 милиони денари

Колкави плати имале лани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми: Комерцијална банка ги објави примањата на членовите на НО

Македонски телеком ги објави надоместоците и платите на владините преставници во Одборот на директори, Китанов, Дураки, Ангеловска…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сеа и Нефи преку оглас може ќе го бараат“: Твитер реакции за притворот за советникот на ДУИ, Усеини

Редакција

Нови 9 случаи на ХИВ/СИДА во ноември во Скопје, Гостивар, Охрид, Демир Капија и Делчево

Редакција

Договорот со Бугарија ќе добие анекс

Редакција