еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави трошоци лани имале 24 ТВ и Наша ТВ

Вкупните трошоци на двете сателитски телевизии, 24 ТВ и Наша ТВ лани изнесувале 81,96 милиони денари, стои во анализата на медиумскиот пазар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

“Во споредба со претходната година, двете телевизии ги намалиле трошоците, и тоа ТВ 24 Вести за 17,52%, а Наша ТВ за 52,67%.

Најмногу средства од вкупните трошоци (51,24%) биле издвоени за плати и други надоместоци на лица директно поврзани со производство на програма, односно 42 милиони денари.

Материјалните трошоци во вкупните трошоци на овие две сателитски телевизии учествувале со 21,32%, од кои 17,43 милиони денари се материјалните трошоци на ТВ 24 Вести, а 0,04 милиони денари е трошокот на Наша ТВ“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТВ 24 и Наша ТВ лани работеле со загуба

Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба

Колкави приходи и од што оствариле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неопходни се образовни реформи за намалување на растечкиот недостиг на работна сила, велат од Организација на работодавачи

Редакција

Сковин ставен на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цените на другите горива не се менуваат

Редакција