еМагазин прв го објавува анкетниот лист кој Оливер Спасовски, техничкиот премиер и поранешен министер за внатрешни работи го доставил до Антикорупциска комисија откако е претседател на Владата.
Каков имот пријавил?
Новиот анкетен лист е речиси идентичен со тој што го доставил во 2017 година кога стана министер.
Единствената крупна разлика е што кога станал министер на една од денарските платежни картички имал 190 илјади денари, а сега на истата има 2.004.906 денари.
Промени во сумите има и кај денарските платежни картички на неговата сопруга и родителите.
Тој на свое име пријавил куќа во Куманово од 309 метри квадратни, проценета на 7,3 милиони денари, стекната како подарок.
Вози Пежо 307, а на свое име пријавил и уметнички и колекционерски предмети, проценети на 260 илјади денари.
Има и кредит од 600 илјади денари, кој треба да го отплати годинава.
На име на родителите пријавил земјиште во Куманово и Старо Нагоричане, шума од 37 илјади метри квадратни во Старо Нагоричане, проценета на 4,2 милиони денари и куќа од 60 метри квадратни во Куманово, проценета на 1,2 метри квадратни.
На име на родителите пријавил и Шкода Фабија и машини и друга опрема.
Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил новиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев
ПОРТРЕТ: Оливер Спасовски, од адвокатски приправник до технички премиер
(Видео) Кој е Спасовски приватно: Лесно избувлив, но истраен
Фото: Влада