По повлекувањето на некои компании во целосна или делумна сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев од апликациите за Фондот за иновации и државните субвенции за економски раст интересно е да се види колку и кои компании се дел од неговата групација „Феро Инвест“.
Од 2000 до 2002 година Анѓушев ја извршува функцијата помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ), а во 2003 година ја основа и станува главен извршен директор на групацијата „Феро Инвест“ ДОО, вo чиј состав се фирми кои доминатно се занимаваат со инженерство, индустрија и енергетика.
„Феро Инвест“ денес брои приближно 600 вработени и годишен обрт од околу 200 милиони евра.
Групацијата е составена од следните компании: „Брако“, „Аквават“, „Мали хидроелектрани“ „МХЕ Езеро“, „МХЕ Летнички извори“ „МХЕ Горно белички извори“, „Хидро Осогово“, „Energy maintenance solutions“, и „МХЕ Тополки“.
Како што е познато, Анѓушев пред неколку месеци ја продаде неговата компанија ЕДС на грчкото електростопанство.
„Брако“, која се најде во интересот на јавноста е лидер во производството на метални и челични жични и други производи кои се неопходни за индустријата, потрошувачката, медицината итн.
„Аквават“ е водечко македонско биро за дизајнирање и проектирање, специјализирано за изведување на мали хидроелектрани.
МХЕ секторот вклучува 19 мали хидроелектрани, а ЕМС е компанија специјализирана за одржување на мали хидроелектрани.
Фото: Влада