Според веб-страницата СтопДезинформации.мк која е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, половина од испитаниците имаат активен профил на Фејсбук (51%), а повеќе од четвртина испитаници (26.5%) на Инстаграм.
„Истражувајќи ги навиките на корисниците на социјалните мрежи ги прашавме испитаниците дали имаат активни профили на социјалните мрежи, а тие имаа прилика да дадат повеќе одговори. Половина од испитаниците имаат активен профил на Фејсбук (51%), а повеќе од четвртина испитаници (26.5%) на Инстаграм. Една третина од испитаниците кои имаат профил на Инстаграм (36,1%) поминуваат повеќе од 3 часа во денот, 29.7% помеѓу еден и три часа дневно, додека скоро една петина испитаници на Инстаграм поминуваат помалку од еден час дневно (17.8%)“, велат од таму.
фото: Фејсбук-страница на СтопДезинформации