еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Корона кризата „удри“ по индустриското производство: Во јули пад од 9,5 проценти на месечно ниво

Пад од 9,5 проценти на индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани регистрира Државниот завод за статистика. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани индустриското производство е намалено за 3,8 проценти.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јули годинава  во однос на јули минатата година, бележи опаѓање од 36,1 проценти, во Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,5 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јули годинава, во однос на јули минатата година, бележи опаѓање кај енергија за 10,7  проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 9,1 процент, капитални производи за 17,4 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 37,3  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ќе се зголеми минималната плата

Редакција

Зголемени трошоците во градежништвото за нови станови

Редакција

Истражување: Дневниот студентски оброк 61 денар, 33 отсто имале искуство со корупција во домовите

Редакција