Државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и дипломати, членови на нивните семејства и граѓани со двојно државјанство од овие држави, при транзит низ Северна Македонија не треба да приложат ПЦР тест за Ковид-19 не постар од 72 часа како што е правилото за останатите државјани на ове земји.
Според насоките на Владата и министерствата за здравство, за внатрешни и надворешни работи, објавени на 10 јули, за транзит низ земјава граѓаните на четирите држави при влез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, не е потребно да приложат медицинска потврда од направен ПЦР тест, туку е потребно само да потпишат изјава и во рок од три часа мора да ја напуштат територијата на државата.
При влез на копнен граничен премин, со цел излез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, потребно е задолжително да прикажат авионски билет (електронски билет) и да потпишат изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напуштат територијата на државата.
Финските власти вчера соопшти дека 24 од 157 патници кои во саботата од Скопје со авион пристигнале во Турку биле позитивни на Ковид-19. Повеќето од патниците се од Косово и Финска, а само двајца од Македонија.
Македонското Министерство за здравство по извршените проверки за сите патници, информира дека никој од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19
Најголем дел од патниците на летот од Скопје до Турку биле Косовари
МИА/Фото: Влада