Промени во раководството на СДСМ ќе има, но сепак ќе останат и дел од актуелните функционери, изјави вечерва новиот партиски лидер Димитар Ковачевски.
– Согласно со процедурите ќе имаме седница на Централениот одбор (ЦО) на која ќе ги информирам за разговорите со коалиционите партнери.
Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО и раководството на партијата кое ќе вклучува членови и на постојното, но и нови лица, изјави Ковачевски за ТВ24 по примопредавањето на функцијата претседател на СДСМ од досегашниот лидер Зоран Заев во седиштето на партијата.
Ковачевски не откри детали кој ќе замине, а кој ќе остане.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски од Заев ја презеде функцијата претседател на СДСМ
МИА/Фото: СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.