еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски од Заев ја презеде функцијата претседател на СДСМ

Во седиштето на СДСМ беше извршено примопредавање на функцијата претседател на партијата од досегашниот лидер Зоран Заев на новозибраниот Димитар Ковачевски.

Заев, како што информира прес службата на СДСМ, му ја честиташе победата на новоизбраниот Ковачевски и му посака успешен мандат.

-Претседателе ти посакувам среќа, мудроста ја имаш, да ја чуваш оваа најголема и државотворна партија, да ја негуваш социјалдемократијата, да водиш грижа за единството и да ја чуваш слободата и демократијата во нашата земја, како и во партијата.

Посакувам успешен мандат како претседател на СДСМ, да избереш мудро раководство кое ние сите ќе го следиме. СДСМ е столб на државноста, му порача Заев на Ковачевски.

Ковачевски му се заблагодарил за придонесот во водењето на партијата, но и на Владата во изминатите години.

-Ти благодарам и за мудрите одлуки што ги донесе за партијата, но и за државата, благодарение на кои што денеска земјата е членка на НАТО и сме на прагот на почнување на преговори со ЕУ, истакна Ковачевски.

Тој му се заблагодарил на Заев и за тоа што во наследство остава партија која има најголем кадровски потенцијал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ќе поднесе оставка следната недела, за успехот на Ковачевски како премиер предвидува дека ќе биде меѓувладината конференција

Ковачевски најави промени во раководството на СДСМ

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

Редакција

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Редакција

40 прекршувања на полицискиот час, 528 казни за неносење маска

Редакција