еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од станицата за течен кислород кај модуларната болница во Штип

Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип.

Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Од СВР-Штип велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од СЈО загрижени оти нема замена за Јанева и да не протечат прислушувани разговори

Редакција

Нови 113 заболени од корона вирусот од 1.543 тестирања, најмногу во Скопје и во Штип

Редакција

Превентивно од корона вирусот: Како правилно да се самоизолирате дома?

Редакција