Првичните монетарни податоци за септември 2018 година покажуваат натамошен раст на кредитите, при забележано месечно намалување на депозитната база, информираат од Народна банка.
Во соопштението се вели дека депозитите забележале мал пад, што произлегло од намалувањето на корпоративните депозити, додека штедењето на домаќинствата и натаму се зголемува.
„На кредитниот пазар, во септември, се забележуваат позитивни поместувања кај корпоративното кредитирање, кое по намалувањето во претходните два месеца, во септември бележи раст и има најголем придонес кон растот на вкупните кредити.
Воедно, продолжи и трендот на зголемување на кредитната поддршка на населението. Депозитните и кредитните текови во текот на третиот квартал се повисоки од очекуваните за овој период, при што и нивото надепозитите и на кредитите во септември го надминува проектираното“, порачуваат од НБРМ.