еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Министерството за внатрешни работи истражува кој стои зад вториот напад на Раде Трајковски – Штекли, а тој додека лежи во болница, доби нова смртна закана на Тик Ток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Раде Трајковски – Штекли доби нова смртна закана на Тик Ток, ако преживее ќе го обесат

Анонимен корисник најавува дека ако го преживее вториот напад ќе биде обесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои зад нападот на Раде Трајковски Штекли?

Имал ли напаѓачот на Раде Трајковски Штекли помошник?

„Раде првпат се спаси. Вторпат… ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, стои во новата закана на Тик Ток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотографии од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли, од обложувалница

(Фото) Кој е Раде Трајковски Штекли, кој по вторпат е мета на вооружен напад

Неколку дена пак пред последниот напад, истиот, исто така беше најавен на Тик-Ток.

„Раде знам дека се плашиш многу, ама што да правиш, живот, тоа е. Господ на кој како му пишал, ама ние тебе ќе ти пишеме“, стоеше во видео на извесен корисник „Gjakugjak“ на Тик Ток, кое подоцна беше отсрането.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

На ист начин на профил на Тик Ток пред неколку месеци беше најавено и убиството на Халкидики во Грција, на неформалниот водач на кланот „Дуќанџик“, Орхан Ибраими-Оки (39).

Профилот на Тик Ток потоа беше избришан, а во објавеното видео на фотографија имаше најава дека Оки е следен на листата за ликвидација.

Во ново видео пак беше соопштено дека Оки е ликвидиран и имаше најава за ликвидација на уште две лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Фото: Тик-Ток/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Редакција

Загина 18-годишно момче од скопско Љубанци

Редакција

Трговците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата

Редакција