еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава против шест полициски службеници за пречекорување на овластувањата

Против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18 мај годинава сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик, поднесена е кривична пријава од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –  Одделение за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања.

-По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања, соопшти денеска Министерството за  внатрешни работи.

Против пријавените полициски службеници, според соопштението, е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност во МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фатиме Фетаи не сака да коментира за „Рекет“

Редакција

Необјавувањето на Протоколот значи обид на власта на шверцерски начин да го протне „францускиот предлог“, вели Мицкоски

Редакција

Во Загреб уапсен, па ослободен разузнавачот Горан Грујевски

Редакција