еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Кривична пријава денеска заработија браќата од тетовска Голема Речица за претепувањето на лекарот од тетовската Клиничка болница.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9:30 часот, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ).

А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двапати нападнат лекар на кожното одделение во тетовската болница

Лекарската комора за инцидентот со лекарот: Насилството е почеста појава од што се зборува

Филипче: Лекарот кој беше физички нападнат е во стабилна состојба, нема сериозни повреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија во моментов нема незаконско прислушување, тврди директорот на ОТА

Редакција

Муса Ибраими од ДУИ е новиот пратеник во македонското Собрание

Редакција

50 делегати на партискиот конгрес се потпишале за Мицкоски повторно да се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција