еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал на високи претставници на Владата

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Р.(34) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 4 од Кривичниот законик на РСМ, инфофмира МВР.

Имено, пријавениот на својот профил на социјалната мрежа “Фејсбук“, во текот на 29, 30 и 31 минатиот месец, објавил слики на високи претставници на Владата и лидер на политичка партија, проследени со коментари со заканувачки пораки.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презмени се службени дејствија и идентификуван е корисникот на профилот – С.Р., односно констатирано е дека станува збор за профил којшто му припаѓа на пријавениот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Дождот урна потпорен ѕид во скопска Пинтија

Редакција

Демолирале кафана и тепале се пред себе

Редакција

(Фото) Од затвореното скопско кафуле „Интермецо“ си ја скинале пломбата и продолжиле со работа

Редакција