еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за сопственик на пицерија во Охрид поради узурпација на недвижности

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Р.(23) од Охрид, информира МВР.

Тој, во својство на управител и сопственик на правното лице „АМЕРИКАНО ОНА ДООЕЛ“-Охрид“, без да поседува одобрение за поставување урбана опрема на јавна површина, пред својата пицерија на ул.„Бранко Шотра“ во Охрид, поставил урбана опрема, со што извршил узурпација на јавна површина.

Пријавениот не го почитувал решението на општинскиот комунален инспектор при општина Охрид за отстранување на урбаната опрема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петорица се тепале во средно училиште во скопско

Редакција

Ги нападнале во автобус на ЈСП

Редакција

Убиената 29-годишна жена од Штип била удирана со тупаници, па задавена: Детали од Обвинителство

Редакција