еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за градоначалникот Пецаков, не се самоизолирал по тестирање за Ковид-19

СВР Охрид поднесе кривична пријава за двајца охриѓани кои што наместо во самоизолација, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление – Водици 2022 година“ одржана во Охрид.

Еден од нив е градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на коронавирусот и наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на манифестацијата.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид, стои во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пецаков најави кривична пријава за клевета и несовесно работење за ДСЗИ и Бухова

СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот со градоначалникот Пецаков

(Фото) Градоначалникот на Охрид, Пецаков, позитивен, па негативен на тест за Ковид-19

Фото: Пецаков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од бугарското здружение “Иван Михајлов“ ќе се жалат во Стразбур откако добија негативно мислење за името

Редакција

Судењето за убиството на младиот Саздовски продолжува на 27 ноември

Редакција

Починаа тројца заболени од Ковид-19, вкупната бројка на починати надмина 600

Редакција