Кривичниот суд ја потврди информацијата за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заради зголемен интерес на медиумите, како суд ја потврдуваме информацијата дека судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, го уважи предлогот на обвинителството и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена во предлогот.
Со оглед да за истражните односно предистражните постапки е надлежно обвинителството, а во која фаза е конкретната постапка, за повеќе информации ве молиме да се обратите до надлежното обвинителство“, велат од судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ