еМагазин
Image default
Локално

Кумановец се „частел“ од паричник украден од приватна здравствена установа

На 11.01.2021 година во 11.30 часот на улица “Филип Втори Македонски” во Скопје од слобода е лишен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела, информира МВР.

„По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кривично дело „кражба“ при што од чанта одзел новчаник во кој имало 15.000 денари како и две платежни картички.

По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30.000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување.

По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја. Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за масовна тепачка во Куманово

Редакција

Акциска контрола на МВР за откривање организатори на диви трки

Редакција

Малолетничка нападната од три лица во парк во Скопје

Редакција