еМагазин
Image default
Свет

Курдски советник: Лидерот на ИД, Ал Багдади разоткриен благодарејќи на долната облека

Абу Бакр ал Багдади е идентификуван со помош на ДНК анализа на неговата долна облека, која била украдена пред да го убијат американските специјалци, тврди виш советник на курдската полиција.

Ал Џезира јави дека долната облека на Ал Багдади ја украл таен агент со намера со ДНК анализа да се утврди дека станува збор за водачот на терористичката Исламска држава. Полат Кан, виш советник на полицијата на Сириските демократски сили (СДФ), опиша како разузнавачките сили им помогнале на Американците да го лоцираат и идентификуваат Ал Багдади.

„Со помош на наши извори, дојдовме до неговата долна облека, со помош на која е извршено ДНК тестирање, и врз основа на која е утврдено дека 100 отсто станува збор за него. Соработувавме со ЦИА на овој случај. Тој се подготвуваше повторно да ја смени својата локација“, напиша Кан на Твитер.

Тој појасни дека разузнавач „испраќал координати, ги насочувал нападите од воздух, учествувал и направил таа операција да биде успешна до последен момент“.

Посмртните останки на Ал Багдади САД се погребани в море, со соодветна верска служба, согласно исламските обичаи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на ИД, Ал Багдади погребан во море, исто како Бин Ладен

Кој беше Абу Бакр ал-Багдади, „калифот“ кој донесе смрт и ужас

ЦИА помогнала да биде лоциран: Во Сирија е убиен лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мафијата дистрибуира бесплатна храна на најзагрозените семејства во Италија

Редакција

Ковид-19 не заминува: СЗО предвидува дека до крајот на месецов ќе има 100 милиони заразени

Редакција

„Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД

Редакција