еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ласер Ран Скопје 2022

ООУ „Лазо Ангеловски” – општина Аеродром, ќе биде домаќин на првиот „Ласер Ран“ настан во Македонија, кој ќе се одржи на 2 декември (петок), со почеток во 10 часот во Спортскиот центар „Марко Божиновски“.

На настанот ќе учествуваат 150 ученици од училиштето, на возраст од 9 до 14 години, кои ќе се натпреваруваат во трчање и ласерско пукање.

Ова е прв настан во нашата држава што вклучува ваква комбинација на спортови, кои се дел од модерниот пентатлон. Оваа атлетска дисциплина која постои уште од античко време и е основа на Олимписките игри, денес опфаќа пет спорта – трчање, пукање, пливање, мечување и јавање.

„Ласер Ран Скопје 2022“ е во организација на „Модерен Пентатлон, асоцијација на РСМ“, заедно со Македонски Олимписки Комитет. Асоцијацијата на Модерен Пентатлон е регистрирана во 2019 година, но поради корона вирусот, активно почнува со работа оваа година, токму со организација на настанот „Ласер Ран Скопје 2022“.

Спортските активности се постојано дел од програмата на ООУ „Лазо Ангеловски“ со цел да го развиваат натпреварувачкиот и фер-плеј дух кај младите, но и да го овозможат нивниот физички развој.

„Ласер Ран Скопје“ е само почеток на една убава спортска традиција, најавуваат организаторите и воедно Ве покануваме да бидете дел од неа и да го проследите настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тиквеш ја донесе првата современа мобилна полнилница за вино во земјава

Редакција

(Галерија) Незаборавно музичко патување со звуците на музиката од грчки филмови

Редакција

НЛБ Банка добитник на наградата за висока даночна култура во 2020 година

Редакција