еМагазин
Image default
Македонија

Лекарската комора го осуди инцидентот во ГОБ „8 Септември“: Лекарите заслужуваат поддршка, не закани

Лекарската комора најостро го осуди најновиот инцидент во ЈЗУ ГОБ „8 Септември ” – Скопје во кој, вчера во вечерните часови, роднини на почината 60-годишна пациентка од Ковид-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани кон докторката.

Во соопштението се вели дека Комората има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но и во оваа прилика јасно се декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал, дотолку повеќе што медицинарите секојдневно, во услови на пандемија, се борат за животот на пациентите.

„Сведоци сме дека во изминатите пет месеци докторите и севкупниот здравствен персонал се бореа за секој човечки живот и затоа Комората го осудува секое непочитување на нивната работа, труд, жртва и ризик со кој се изложуваат на највисоко ниво во пружањето на услугите.

Пациентите треба да имаат предвид дека здравствениот персонал безрезервно и максимално се вложува за нивното здравје, за сметка на своите семејства.

Затоа сметаме дека тие заслужуваат само поддршка, а не закани. Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници.

Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува од сите инволвирани,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Срам да ви е! Кај што не лечат со последни сили, па и ќе ги напаѓате лекарите

Приведени 6 лица кои сакале да го земат трупот на жена почината од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камбовски: Предложените измени не се спротивни на основните начела на Уставот

Редакција

Судот не му го врати пасошот на Мијалков

Редакција

Тројца новозаболени од Ковид-19 во тетовскиот регион

Редакција