Лекарската комора не може да ја одземе лиценцата за работа на директорката на Клиниката за кожни болести, бидејќи Јавното обвинителство нема започнато постапка против неа, соопштуваат од таму.
„Етичка комисија на Лекарска комора утре ќе одлучува дали ќе и биде изречена јавна опомена на Нина Цаца Биљановска, која не ги почитувала препораките за заштита од коронавирусот иако дошла од ризичен регион и со тоа го загрозила јавното здравје.
Такво дејствување подлежи на Кривичен законик и ако Судот наложи да и се одземе лиценцата на докторката, тогаш така ќе се постапи,“ се вели во соопштението на Лекарската комора.
Од таму апелираат до здравствените работници да се придржуваат до препораките на Светската здравствена организација (СЗО).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена во прва прилика
„Ароганција на најјако“: Докторка „молчи“ за коронавирус, професори бараат секс и поткуп
Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска
Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?
Фото: Дерматологија